Вирален маркетинг
Споделување на мислењата за производите во различни поставки на Интернет
Како што здружениот маркетинг го вклучува користењето на доверливи вебстрани за да ги охрабри корисниците да посетат други страни, виралниот маркетинг е процес кој им овозможува на купувачите да ја проследат маркетинг пораката на компанијата до своите пријатели, семејството и колегите. Претставува Интернет верзија од усно рекламирање, кое се шири дури и побрзо отколку во реалниот свет. Во светот без посредство на Интернет, веднаш до телевизијата, усното рекламирање претставува вториот најзначаен начин на кој потрошувачите дознаваат за новите
производи. Се верува дека околу 27 милиони возрасни лица на Интернет во САД се влијатели кои ги споделуваат мислењата за производите во различни поставки на Интернет. Со цел да се унапреди големината на базата на потрошувачи на компанијата, препораките на потрошувачот исто така имаат и други предности: тие се поефтини за преземање бидејќи постоечките потрошуваачи ја вршат целата работа околу преземањето и тие настојуваат помалку да ги користат услугите за подршка преку Интернет, преферирајќи да се свртат кон личноста која побарала совет од нив. Исто така, бидејќи чини многу малку за тие да се придобијат и задржат, наведените потрошувачи многу порано започнуваат да генерираат профит за компанијата отколку потрошувачите придобиени со другите маркетинг методи.
Take five! Програмата на Half.com e пример за вирален маркетинг, каде регистрирани корисници на страната продаваат стари книги, музика, филмови и игри и добиваат награди (купони) за да им кажат на своите пријатели за страната. Кога корисникот го испраќа името на пријателот и неговата адреса на електронската пошта до страницата Take five на Half.com, му испраќа на пријателот вредносен купон од 5 долари попуст за првата нарачка која ќе ја направи пријателот во вредност од 10 долари и повеќе. Потоа, кога пријателот ќе го искористи Take five купонот, Half.com му дава на наведениот корисник купон од 5 долари попуст кој исто така може да се искористи за нарачка од 10 долари. Процесот на вирален маркетинг исто така може да ги вклучи корисниците кои не се знаат меѓу себе. Кога потрошувачот одлучува да купи нешто големо, како што е нов велосипед за планинарење, првиот чекор претставува добивање совет или мислење од луѓе кои поседуваат вакви велосипеди. И со Интернетот е многу поедноставно да се пронајдат и прочитаат прегледи за различни модели на велосипеди напишани од страна на потрошувачите кои имаат познавања.
Страните како Epinions и CostumerReports.org обезбедуваат објективни прегледи за производите од страна на луѓе кои ги купиле и користеле голем дел од производите и услугите. Вооружени со влезни и излезни информации од страна на Интернет познавачите, потрошувачите потоа можат слободно да кликнуваат низ страната на
електронската трговија и да остварат купување. Epinions располага со линкови до одреден број на здружени продавачи на мало преку Интернет коишто плаќат надоместок на страната за секое купување кое потекнува од таму.