Твојот Бизнис Вебсајт треба е централното место
Тест
Многу бизниси кај нас не ги познаваат сите можности на нивниот Вебсајт, затоа и многу од нив не обрнуваат внимание на нивниот Корпоративен Вебсајт.
Зошто Интернетот стана привлечен за компаниите во светот?
Затоа што можеш да ги измериш резултатите од сите твои Онлајн активности. На пример, со инсталација на Google Analytics ќе можеш да видиш кој го посетува твојот Вебсајт, од каде пристапуваат посетителите, кои страници ги посетуваат, колку се задржуваат итн.
Овие информации можат да ти помогнат во оформување и постојано развивање на производите кои ги нудиш. Со анализа на овие податоци можеш да направиш анализа за кои производи и сервиси најмногу се интересираат твоите клиенти.
Постојат начини како посетителите да ги претвориш во Клиенти преку твојот Вебсајт, а тоа се вика конверзија. Да направиш конверзија од посетители во клиенти или пак членови на твојата е-мејл листа.
Сѐ е поврзано со твојот Вебсајт.
Ако креираш реклама на Google Adwords ќе ти побараат да го внесеш твојот Вебсајт, исто и на Фејсбук, со што ќе ги пренасочуваш посетителите кон твојот Вебсајт на твојата најнова понуда.
Да не заборавиме дека Вебсајтот работи за твојот Бизнис без престан, па дури и додека спиеш. Тој е достапен 24 часа за сите Интренет корисници каде било да се на земјината топка.
Преку твојот Вебсајт, твоите корисници можат лесно да те контактираат и да остават мислење за твоите производи, значи тој нуди можност за комуникација во две насоки.
Можеш да користиш опции на твојот Вебсајт каде што ќе можеш да го истражиш мислењето на корисните преку Онлајн анкети, прашалници од кои ќе дознаеш што мислат корисниците за некој аспект од твојот Бизнис.
Многу луѓе го користат интернетот за истражување пред да извршат нарачка. Тие ги анализираат брендовите преку нивните Вебсајтови. Со тоа тие одлучуваат дали да нарачаат од кај тебе или не.
Од твојот Вебсајт и од квалитетот на содржината зависи дали луѓето ќе стекнат доверба во тебе и да те видат во вистинското Професионално светло.
Но, тој треба да се обраќа на својата публика и за да биде интересен за корисниците постојано треба да се полни со нова содржина. Затоа прочитај за мојот втор Оналјн совет.